Предвремени парламентарни избори

МОСТ: Гласањето почна навреме, без неправилности

Сите гласачки места на кои граѓанската асоцијација МОСТ има набљудувачи се отворени навреме и досега не се регистрирани неправилности. Гласањето се одвива безбедно со почитување на сите протоколи, објави Мост на првата денешна прес-конференција.

Мост го следи денешното гласање со 900 набљудувачи.  На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 55 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои Мост нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија. 

Како што беше кажано на прес-конференцијата, според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи се отворени навреме и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање. Гласањето се одвива безбедно, согласно здравствените протоколи.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе