ПО ВЧЕРАШНАТА ДЕБАТА

МОН прифати нови 7 забелешки на предложените измени во Законот високо образование

Министерството за образование и наука соопштува дека по вчерашната јавна дебата за измените во високото образование прифатиле неколку предлози на присутните во Собранието професори и ректори.

Прифатен е предлогот на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој се однесува на можноста  студентите да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Државниот универзитет во Тетово предложиле промена на просекот за упис на високообразовните установи за образование на наставници од областа на спортот, од 4,00 на 3,00. За МОН овој предлог е прифатлив.

Прифатен е предлогот на универзитетот на Југоисточна Европа за унапредување на административните капацитети на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, преку ангажман на дополнителен стручен кадар кој ќе работи во Одборот со полно работно време.

Во однос на студиите од втор циклус, односно постдипломските студии, на предлог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе можат да се акредитираат во траење од една или две години.

Прифатен е и предлогот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Факултетот за општествени науки за студиските програми од областа на националната историја, лингвистика и уметностите, да не важат одредбите од законот во делот на усогласување на нивната содржина со содржината на исти или слични студиски програми на некој од првите 50 рангирани универзтети од соодветните области, согласно Шангајската листа, имајќи ја предвид нивната национална специфика.

Со новиот предлог закон за измена и дополнување на Законот за високото образование, на предлог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Факултетот за општествени науки, ќе се регулира звањето – магистер на уметности.

Прифатен е и предлогот на Универзитетот на Југоисточна Европа за воведување на јавен регистар на автори на трудови објавени во меѓународни научни списанија кои се дел од базата Веб оф сајенс (Web of science), соопшти МОН.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе