По гласањето за уставни измени

Могерини и Хан: Сега очекуваме итно да продолжат националните процедури за спроведување на договорот

Потребни се политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето денес, пишува во заедничкото соопштение на високата претставничка / заменик-претседателка Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан за гласањето во Собранието за уставните измени за спроведување на Преспанскиот договор.

„Денес, во поранешната југословенска Република Македонија, Парламентот постигна многу важен чекор кон спроведувањето на Преспанскиот договор преку гласањето за почнување на процедурата за уставни измени. Сега очекуваме националните процедури за спроведување на договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени.

Европската Унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Потребни се политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето денес.

Ова е навистина единствената можност за решително помрднување на земјата напред на патот кон Европската Унија, како и за помирување во регионот. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, сите нејзини граѓани и нејзините институции“, пишува во соопштението.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе