Могерини и Хан: Ден за историја

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, први се огласија по гласањето за уставните измени во македонското Собрание вечерва. Во име на Европската унија, Могерини и Хан „со цело срце“ му честитаат на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“

„Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ”, порачуваат Могерини и Хан.

ЕУ, според нив, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

„Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција”, напишаа Хан и Могерини.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе