Демант до ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки

МО: „Спорните безбедносни сертификати двете лица ги добиле токму од власта на ВМРО-ДПМНЕ“

ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки паднаа во дупката која за друг ја копаа. Двете лица кои тој ги спомнува ги добиле своите НАТО и национално-безбедносни сертификати токму во времето на претходната влада, раководена од партијата која ги организира прес-конференциите. Добиле сертификати од нив, од нивно време, а за едно од лицата во досието фигурира и потписот на Драган Ковачки, изјави полковникот и офицер за безбедност во Министерството за одбрана  Горан Василевски,

Помина времето за пазарење со безбедносните сертификати и нивно политизирање, рече полковникот, Горан Василевски, отфрлајќи ги како лаги, манипулации и двојни аршини обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Драган Ковачки во врска со ветингот.

Василевски напомена дека ветингот го врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, додека двете лица кои ги спомнува Ковачки, добиле НАТО и национално-безбедносни сертификати во времето на претходната влада, раководена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како припадник на безбедносниот сектор кој носи одговорност во дел од процесот за издавање безбедносни сертификати, изразувам силна осуда за тенденциозно наметнатата тема за ветинг процесот која Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ упорно ја форсираат во јавноста. Наспроти обвинувањата дека станува збор за непрофесионализам и партиско влијание, одговорно тврдам дека постапката за ветинг ја врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врпи апсолутно никакво влијание“, истакна Василевски во изјава пред Министерството.

Очекував, дополни, да престанат, зашто е непрофесионално ова што го прават и зашто во овој сектор лагите и манипулациите со кои се служат се опасни.

„Но, бидејќи не престануваат, одговорност ми е да кажам дека маските мора да паднат. Денес ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки паднаа во дупката која за друг ја копаа. Двете лица кои тој ги спомнува ги добиле своите НАТО и национално-безбедносни сертификати токму во времето на претходната влада, раководена од партијата која ги организира прес-конференциите. Добиле сертификати од нив, од нивно време, а за едно од лицата во досието фигурира и потписот на Ковачки кој потврдува дека нема никаков проблем на тоа лице да му се издаде национален и НАТО безбедносен сертификат. И сега зошто лаги, манипулации и двојни аршини? Како офицер за безбедност тврдам дека е поминато времето за пазарење со безбедносните сертификати и нивно политизирање“, подвлече Василевски.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе