Реакција по скандалот откриен во Белгија

МО го враќа од БиХ кумановскиот мајор кој продуцираше лажни вести

По објавената приказна на белгискиот истражувач Мартен Шенк дека офицери на АРМ и полициски инспектори учествуваат во креирањето на лажни вести, Министерството за одбрана за кумановскиот мајор Марјан Златановски за МКД.мк одговори дека тој ќе биде вратен од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.

„Почната е постапка за повлекување на мајорот Марјан Златановски од учество во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, а по враќањето ќе биде покрената и дисциплинска постапка за изрекување на соодветни мерки“, се вели во одговорот на МО.

Златановски е вработен во секторот Ј-2 разузнавање, контраразузнавање и безбедност во Министерството за одбрана. Тој од неодамна бил пратен во мисијата Алтеа. Според пишувањето на Шенк, тој од МО уште претходно побарал мислење за тоа дека нивен офицер во слободно време се занимава со креирање и дистрибуирање на лажни вести по социјалните мрежи и дека од тоа заработува, но не добил никаков одговор. Шенк бил изненаден кога го контактирал мајорот и овој знаел за обидот за добивање мислење од МО за неговите активности.

Шефови на Златановски се полковник Горан Нелоски и Горан Василевски, шеф на Воената служба за безбедност и разузнавање.

Во одговорот на МО за МКД.мк де вели дека „секторот за воена безбедност и разузнавање не дава мислење за кандидатите за мисии ниту пак е вклучен во процесот на нивен избор, туку селекцијата се одвива согласно Правилник за упатување на работа во странство на лица на должност во меѓународни мисии. Во процесот на селекција кој трае повеќе месеци, во ниту една фаза не е утврдено дека Златановски не ги исполнува условите за учесник во мисија“.

Според белгискиот истражувач, Златановски објавувал лажни вести за Трамп, за лажната смрт за Џорџ Сорос, расистички информации, измами дека бегалците одбиваат да работат за Американците, лажни закани за тероризам, конспиративни теории за терористички масакр во Лас Вегас, лажни „ужасни работи што им се случуваат на педофилите"...

Домејните за интернет страниците на Златановски биле регистрирани на негово или на име на неговата сопруга Марија Крстева, што претставувало големо изненадување за Шенк во однос на непретпазливоста на еден офоцер на една армија.

Златановски на Шенк му признал дека води сајтови како мал бизнис неповрзан со неговата работа во министерството и додал дека „сите во Македонија секако тоа го прават".

A.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе