„Нашиот Конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, било запалено и второ возило на различно место во градот“, пишува во соопштението на МНР.
Од Министерството додаваат дека двата случаи се предмет на истрага, со цел да се откријат извршителите и мотивите, за кои оценуваат дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава.
„Исто така, веруваме дека овој вандалски акт на ниту еден начин нема да влијание врз одличните добрососедските односи меѓу двете пријателски земји“, се вели во соопштението.