МНР: Вратени 42 македонски граѓани од Словенија и 27 од Турција

Министерството за надворешни работи на Македонија информира дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста, се вели во соопштението.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе