МНР со осуда за палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал: штети на угледот на државата

Министерството за надворешни работи го осуди палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани и го оцени како штетно по угледот на државата.

„Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот, туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија“, пишува на фејсбук-профилот на МНР.

Претходно бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на својот Фејсбук профил објави дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското МНР по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал.

„По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе