Влада

МНР сѐ уште нема препораки за нашите државјани и дипломати во Украина

Во рамки на Министерството за надворешни работи формирана е работна група која го следи развојот на настаните и безбедносната ситуација во Украина, како и одлуките на Европската Унија и нашите пријателски земји во однос на актуелните случувања. МНР навремено ќе извести за евентуални препораки и насоки за постапување за нашите државјани, се вели во одговорот на канцеларијата на портпаролот на македонската Влада на прашањето на МКД.мк за тоа дали се подготвува повлекување на македонските дипломати од Киев. 

„Владата преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија внимателно ги следи состојбите во и околу Украина и преку нашата амбасада во Киев е во постојана комуникација со надлежните институции во земјата“, се вели во одговорот од Владата.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе