МНР соопшти дека го следи и нотира ангажманот преземен од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.
„Цврста заложба на Министерството е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Макќе едонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.
Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Во соопштението на МНР нема никаква најава дека ќе има и официјална нота до Софија или дека бугарскиот амбасадор во Македонија ќе биде повикан на разговор на шефот на македонската дипломатија.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на културниот центар „Иван Михајлов" во Битола, го доживеа како обид за влијание врз нејзината работа.