МНР реагира до УЕФА за користење на „северномакедонци“ на официјалниот сајт

Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало кај УЕФА на чиј офиицијален сајт каде што се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се „северномакедонци“.

„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, велат од Министерството за надворешни работи.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе