По веста што ја објави МКД.мк

МНР потврди: Македонска дипломатка најдена мртва во стан во Њујорк

„Од Постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи“, ја потврди денеска веста на МКД.мк дека станува збор за наша дипломатка во ОН. Полицијата на Њујорк ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство.

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија од Министерството за надворешни работи.

„Од Постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, соопштија од МНР.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.

Инаку, веста во Македонија дека станува збор за  член на мисијата на Макeдонија во Обединетите нации ја објави МКД.мк.

Веста во САД прва ја објави ТВ Фокс њуз, а според телевизијата, се работи за самоубиство на дипломат.

Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.

„Тука живееше две години", изјави Хернан Авила, домарот во зградата. „Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност", вели домарот.

Дипломатката живееше сама во стан на четвртиот кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност што повремено ќе ја гледале како пуши надвор.

„Вчера доктори дојдоа горе, амбулантно возило", рече тој. „Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично".

„Ја побара неа", рече Авила. „Вратарот заѕвони, немаше одговор. Немаше одговор. Нешто се случи".

Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, вели Фокс њуз.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе