MНР: Нема информации дека македонски граѓани биле засегнати од експлозијата во Бејрут

Не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија повчерашната експлозија во Бејрут, која однесе повеќе од 100 животи и разори делови од градот, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Преку дипломатски канали ги преземаме сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни информации поврзани со нашите државјани кои би можеле да бидат засегнати од вчерашната несреќа во Либан.

До моментов, ниту еден граѓанин на Северна Македонија кој би можел да се наоѓа во Либан не се обратил до Министерството за надворешни работи за соодветна помош. За оние кои се наоѓаат таму, а во случај на потреба од информација или помош, веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите Глобал СОС телефони во следниве дипломатски претставништва на Република Северна Македонија: Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Доха +974 665 979 44, Каиро +201002898673, Абу Даби +971 564 417 552. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ и „WhatsApp“ апликациите“, соопшти МНР.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе