Реакција

МНР на Русија: Менувањето на името на Македонија не е одраз на волјата на народот и не може да биде прифатено како решение

Собранието на Република Македонија гласаше за усвојување на измените на Уставот за преименување на земјата во согласност со Преспанскиот договор. Продолжува процесот на вештачкото преуредување на државното име наметнато од надвор со цел да се принуди Скопје да влезе во НАТО, пишува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Ова е спротивно на македонските закони. Се игнорираат позицијата на шефот на Република Македонија и мислењето на мнозинството од населението кои се против „преспанската зделка“.

Континуираните протести во Скопје и другите македонски градови ја покажуваат длабоката поларизација на општеството. Очигледно е дека овој начин на решавање на прашања од национално значење за иднината на една земја не е одраз на волјата на нејзиниот народ и не може да послужи како алатка за долгорочно решавање на проблемот со државниот идентитет.

Неодамнешните настани во Грција, исто така, сведочат за експлозивноста на ситуацијата, која е оптоварена со поткопување на стабилноста и безбедноста на Балканот - повлекувањето од владината коалиција на П. Каменос, шефот на Независни Грци, кој е против Преспанскиот договор, резултира со гласање за доверба до владата. Вреди да се одбележи дека и во Атина се турка „преспанската зделка“, заобиколувајќи го мислењето на граѓаните на земјата, и нема дебата за референдум за прашање кое ги засега основните национални интереси.

Позицијата на Руската Федерација за проблемот со македонското државно име останува непроменета: мора да се најде одржливо решение без надворешен притисок, без наметнување услови од надвор, со потпирање на широка јавна поддршка - и во Република Македонија и во Грција - и исклучиво во рамките на почитувањето на правото. Претпоставуваме дека ова прашање треба да го разгледа Советот за безбедност на ОН во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе