МНР на Бугарија: Да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на настраданите

Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамките на своите надлежности ѝ ја дава сета неопходна помош на Република Северна Македонија во врска со несреќата на автопатот Струма, им порачал бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев на премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Стоев претходно денеска ја пречека македонската владина делегација во болницата „Пирогов“ во Софија, каде ги посетија настраданите во тешката сообраќајна несреќа. За состојбата на пациентите и грижата за нив информираше директорот на болницата проф. Иван Поромански.

Како што стои во соопштението, Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија.

Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од земјава со оглед на хуманитарниот аспект на случајот.

Бугарското Министерство во рамките на своите надлежности дава помош и на тим лекари од судска медицина, како и на вработени во македонското МНР.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе