МНР ги поздрави препораките на Комисијата која има „храбар и стручен пристап“

Министерството за надворешни работи во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Република Бугарија, и ја поздравува вчерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.

Неколку принципи се важни и од политички аспект, се вели во соопштението на македонското МНР.

„Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од какви било политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и претставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата.

Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји.

Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар, но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји.

Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа. Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза“, соопшти МНР.

Вчера и бугарското МНР изрази задоволство од препораките на Комисијата.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе