„Имајќи ја предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата“, соопштија од МНР.
Министерството, исто така информира дека двајца вработени се упатени на испомош во македонската амбасада во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.
„За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет на телефонскиот број 075 273 732“, информираат од МНР.