СКОПЈЕ-БЕЛГРАД

МНР доби нота од Србија за повлекувањето на персоналот во амбасадата, МВР го зголеми обезбедувањето

По вчерашното неочекувано повлекување на сите вработени во амбасадата на Србија во Македонија, од македонското Министерство за надворешни работи соопштија дека тие само биле известени за повлекувањето, но не ги знаат и причините за итните консултации во Белград.

„МНР на Република Македонија доби нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, со која сме известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград. МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка. Согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во соопштението на МНР.

Сите вработени во српската амбасада во Скопје вчера неочекувано беа повлечени на итни консултации во Белград.

Од МВР исто така информираат дека по барање на амбасадата зголемена е безбедноста на амбасадата на Србија во Скопје.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе