АНКЕТА

Мнозинството македонски граѓани не би прифатиле членство во НАТО под референцата ПЈРМ

Дали би прифатиле или не би прифатиле Република Македонија да стане полноправен член на НАТО под референцата ПЈРМ, беше првото прашање од истражувањето кое редкацијата на МКД.мк го спорведе со помош на агенцијата Брима Галуп. 54,8 отсто од граѓаните се против тоа - 48,9 % одговориле дека не би прифатиле таков услов (48,9%), а 5,9% се воопшто против членството на Македонија во НАТО.

На ова прашање одбија да одговорат 2,6%  од анкетираните 1.209 граѓани на Република Македонија, а 8,6 отсто од нив одговориле дека не знаат. Истражувањето е спроведено со теренска анкета лицe в лице во домот на испитаникот во период од 12 до 21 мај.

Во однос на првото прашање, според местото на живеење, жителите по градовите се во мнозинство од оние кои не би прифатиле прием во НАТО под референцата ПЈРМ (53,4%). Процентот на жителите по селата е помал - 43,2 отсто.

Од оние кои би прифатиле прием во НАТО под референцата, мнозинството се жители на село (41,5%), а помалку се жителите по градовите - 28%.

Според регионите, најтврди во однос на неприфаќање на членството во НАТО како ПЈРМ се жителите на Вардарскиот (70,5%), на Источниот регион (72,6%), Југоисточниот (62,9%), Пелагонискиот (65,3%), Скопскиот (47,7%)... Овој став (прием во НАТО под ПЈРМ) најприфатлив е за жителите на Југозападниот регион (52,7%), Полошкиот (61%) и Скопскиот (37,2%)...

На прашањето: Во врска со влезот на Република Македонија во ЕУ и НАТО чиј став ви е поблизок, дури 39,4 отсто од испитаниците одговориле дека не им е близок ниту еден од ставовите на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ. За 27,6 отсто поблизок е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а 15,6 отсто од анкетираните сметаат дека ставот на СДСМ се поклопува со нивните размислувања.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е поблизок за 29% од испитаниците кои живеат во град, а за 25% од жителите по селата. А од оние кои сметаат дека ставот на СДСМ им е поблизок, 16,5% се жители на градови, а 14,4% се од село.

За учеството на меѓународната заедница во преговорите на партиите за изнаоѓање на решение за политичката криза во земјата, во јавноста има различни мислења. Прашањето во оваа анкета беше: Дали според вас меѓународната заедница ги надминува или не ги надминува своите овластувања?

Дури 39,6 отсто од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница ги надминува овластувањата, 29,7% дека не ги надминува, а 19,1% од анкетираните граѓани немаат одговор.

Според региони, најголем е процентот на граѓаните од Полошкиот регион кои сметаат дека претставниците на меѓународната заедница во Македонија не ги надминуваат своите овластувања (50,9%). А спротивниот одговор го дале најмногу жителите од Вардарскиот регион (63,6%) и од Пелагонискиот (52,5%).

Резултатите од ова истражување се добиени во рамки на редовниот Омнибус на Брима, македонски член на Вин Галуп интернешнл (WIN-Gallup International) и член на групацијата ТНС (една од најголемите групации за истражуување на јавнотомислење и пазарот во светот). Како клиент на омнибусот порталот МКД го има ексклузивното право на користење на податоците од мајскиот бран од истражувањето.

Примерокот на истражувањето е национално репрезентативен (според полот, возраста, националната припадност и местото на живеење во сите 8 региони во РМ) за популацијата на возраст од 15+ години. Маргиналната грешка изнесува +/- 2.82% со ниво на доверба од 95%. Анкетата е спроведена со примена на ТАПИ метод (Tablet Assisted Personal Interview).

А.Д.

Објавено

Сабота, Мај 28, 2016 - 15:47

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе