AНКЕТА на М-проспект и МЦМС

Мнозинството граѓани на референдум би гласале против Илинденска Македонија

Повеќе од 61 отсто од граѓаните на евентуален референдум за името Република Илинденска Македонија би гласале против, покажува мајското испитување на јавното мислење спроведено од агенцијата за истражување М-проспект заедно со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Телефонското истражување за ставовите на македонските граѓани за промена на името во Република Илинденска Македонија (од 23 до 26 мај на национален репрезентативен примерок од 1.047 испитаници) покажа дека за македонските граѓани додавката Илинденска е помалку прифатлива од Горна.

За додавката Горна во април биле 41,5% од испитаниците. За 27,2 отсто од испитаниците додавката Илинденска е прифатлива.

Против името Република Илинденска Македонија се мнозинството од етничките Македонци (70,5%).

Големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ исто така не би го подржале овој предлог (92,7%). Етничките Албанци во 52,8% од случаите одговориле дека Република Илинденска Македонија за нив е прифатливо решение. За симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив во 56,4% од случаите, a за симпатизерите на ДУИ во 62,5% од случаите.

На прашањето „дали би се согласиле со промена на името во Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане членка на ЕУ“, 38,9 отсто од испитаниците одговориле дека би гласале „за“ на референдум за име Република Илинденска Македонија ако земјата стане членка на ЕУ.

Во април на прашањето дали би го прифатиле името Република Горна Македонија ако земјата влезе во ЕУ, 47,6% одговориле потврдно. Речиси две третини од етничките Македонци (63,8%) би гласале со „не”. Големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ исто така не би го подржале овој предлог (89,5%).

Етничките Албанци во речиси три четвртини (72,1%) од случаите одговориле дека Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане членка на ЕУ за нив е прифатливо решение.

За симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив во 71,8% од случаите, додека за симпатизерите на ДУИ во 88,8% од случаите.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе