Македонија тема на Народното собрание на Бугарија

Мнозинството бугарски пратеници прифатија расправа за францускиот предлог

Со големо мнозинство пратениците од 47 седница на Народно собрание на Бугарија се согласија да биде ставена како прва точка на дневниот ред предлогот-одлуката за Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ. Од присутните 229 пратеници во Народното собрание, 210 гласаа за точката на дневен ред, а 11 беа против.

Тошко Јорданов од партијата ИТН на Слави Трифонов го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги декласифицира документите од неговиот Национален советодавен совет претходно оваа година за да се види што рекол тогаш премиерот во оставка Кирил Петков, јавува МИА од Софија.

Според локалните медиуми, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Северна Македонија, која има 174 гласа.

Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе