Помошник државната секретарка на САД за европски прашања

Многу се одолжи отворањето на преговори со ЕУ, кажа Донфрид во Скопје

„Силно ги поддржуваме вашите ЕУ - аспирации и сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција. Премногу се одолговлекува нејзиното одржување. Исполнивте тешки задачи, ги исполнивте реформите и заслужувате брзо да напредувате", изјави американската помошник државна секретарка за евопски и евроазиски прашања Карен Донфрид по денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Донфрид е придружувана од специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На заедничката прес-конференција со Османи во МНР, Донфрид истакна дека пристапувањето на земјава во ЕУ ќе донесе поголема стабилност на Балканот и поголем простперитет во Европа.

-САД изразува пофалби за напорите на Северна Македонија за евроатланстката иднина. Силно ги поддржуваме вашите евроаспирации и сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција. Предолгo се одолговлекува нејзиното одржување, нагласи Донфрид.

Таа ја пофали земјава и во однос на јасно изразениот став околу руско-украинскиот спор.

„Вие сте бранители на демократијата и на владеењето базирано на правила. Застанавте заедно со меѓународните партнери во поддршка на украинскиот народ. Знаете колку е важна слободата и повеќе пати сте докале дека сте стабилен партнер. Ова е време на предизвици и можности Северна Македонија покажа дека е способна да застане во одбрана на човековите права. Треба да го одржите темпото на реформите, но покажавте дека можете да се справите со предизвикот“, подвлече американската помошник државна секретарка.

Таа дополни дека САД ја ценат и улогата на нашата држава во тројката на ОБСЕ, како и дека со нетрпение го очекуваат нашето претседавање.

Донфрид го најави и стратешкиот дијалог на двете влади што треба да се одржи во Вашингтон.

Министерот Османи на прес-конференцијата рече дека сега е вистинското време ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство,

Османи предупрди дека отсуството на напредок во евроинтегративниот процес ќе има сериозни последици за нашата држава и за земјите од Западен Балкан, но отвора, како што напомена, и простор за штетни влијанија од трети земји поради што „забрзување на евроинтегративните процеси е значаен геополитички интерес и за нашите партнери".

Според него, процесите на проширување на ЕУ претставуваат и безбедносна политика и оттука, членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за регионалната и европската безбедност и стабилност. Никој од нас, потенцира Османи, нема време за губење.

„Северна Македонија е европска земја и лојален партнер со значителен напредок во реформските процеси. Иако се уште земја кандидат, земјава во целост или стопроцентно е усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и воедно со сите рестриктивни мерки што произлегуваат од воената агресија на Русија врз Украина. Цениме дека сега е вистинско време за ЕУ да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за време на француското претседателство. Тоа ќе претставува големо охрабрување и за другите земји од Западен Балкан. Ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирувањето во регионот. Иако стабилен, регионот е обременет со бројни прашања кои создаваат простор за диригирана нестабилност засилена со надворешни влијанија од центри на моќ во чиј интерес не е стабилноста и просперитетот на регионот, нагласи министерот.

Тој повтори дека земјава го поддржува и се солидаризира со украинскиот народ, како и дека јасно ги осудува руските воени дејства во земјата.

Министерот потенцира дека како НАТО сојузник, Македонија ја презема обврската активно да придонесе во регионалната стабилност.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе