Истражувачки филмски фестивал-Скопје

Многу актери во борбата против лажните вести, а нема резултати

Предлог Акцискиот план на Владата за борба против лажни вести и дезинформации, што наиде на сомнеж кај многумина од медиумската сфера и граѓанскиот сектор беше на тапет на вториот фестивалски ден на Истражувачкиот филмски фестивал-Скопје, вчера во „Кино Култура“. 

„Што е работата на акцискиот план? Кој ќе ја контролира работата на акциската група? Какви се нивните планови за справување со лажните вести и дезинформациите? Кој ќе одлучува што е лажна вест, а што вистина?”, беа само дел од прашањата за кои дискутираа Џелал Незири, Назим Рашиди, Жанета Трајкоска, Александар Србиновски, Васко Маглешов и Зоран Бојаровски, советник за медиумски реформи во Владата.

Бојаровски истакна дека стратегијата за борба против лажните вести и информации сѐ уште нема име и дека сѐ уште се работи на овој план.

„Не постои готов акциски план. Има неколку точки, тоа се само насоки или теми што Владата планира да ги отвори во делот на работите врзани за државните институции, каде што ќе се преиспитаат работите кои ги имаме сега. Тие треба да ни укажат на тоа што треба да подобриме и во кои насоки треба да се движи подготовката и финализирањето на акцискиот план. Нема готов акциски план, тоа е предлог. Тоа што беше презентирано беше само најава и насоки кон кои ќе се движи подготовката. Владата ќе анализира, прави проценка за тоа какви се информациите, дали се дезинформации или не. Владата и сега го прави тоа низ секторите за односи со јавност низ министерствата. Ние редовно го мониторираме медиумскиот простор за работи кои се врзани за Владата и владините политики. Го следиме дали тој тип на тек на информации соодветствува на објективната ставрност или објективните политики кои ги инциира и спроведува Владата”, рече Бојаровски.
Според новинарот Назим Рашиди, ако има владина институција која на каков било начин има каква било улога за некаква контола, ние веќе имаме сериозен проблем. 

„Не сум за тоа владините институции или какво било тело да се конституира од владина страна и да контролира. Ова е постулатот кој никој не смее да го допре. Ова е свето”, рече Рашиди.
Незири, пак, смета дека има многу актери кои што се борат против лажните вести, а не гледаме резултати. 

„Требаше да се формира некакво координативно тело од професионалци кои имаат некакво искуство во таа борба против лажните вести, а државата да се стави на располагање за сите ефикасни идеи. Тоа го очекував јас”, рече Незири.
Жанета Трајковска од Институтот за комуникациски студии на темата што би требало да прави Владата за поддршка на медиумите рече дека медиумската писменост е долгорочна акција, резултатите можеби нема да се забележат веднаш, ама ќе се видат за десет години.

Се начнаа и прашањата и со состојбите кога владини институции се рекламираат во медиуми кои немаат ниту импресум, за медимите кои пласираат лажни вести...

 

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе