ММДЧП: На 30 октомври ќе се отвори македонски културен центар во Пиринска Македонија

Македонското меѓународно движење за човекови права го помогна отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Горна Џумаја (градот преименуван во Благоевград од Бугарија) во Пиринска Македонија. Официјална церемонија ќе се одржи на 30 октомври. Културниот центар ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија. Здружението ќе продолжи да добива финансиски средства од ММДЧП.

 

„Димитар Ковачевски, 'премиер' на режимот на власт во Република Македонија, вети дека ќе финансира отворање на македонски културен центар во Пиринска Македонија по протестите во кои беше осуден неговиот режим заради отворањето на бугарски клуб во Битола именуван според озлогласениот бугарски соработник на нацистите и воен злосторник Ванчо Михајлов, со кој се глорифицира нацизмот.

Клубот беше отворен на барање на бугарската Влада, и на Европската Унија, која продолжува да ги задоволува бугарските јавно декларирани цели да се избрише македонскиот етнички идентитет, култура историја и постоењето на големото македонско малцинство во Бугарија, како услов за Бугарија да го крене своето вето за приемот на Република Македонија во ЕУ.

Како што и се очекуваше, режимот не го исполни 'ветувањето' и одбра да продолжи да им помага на Бугарија и Грција да го задушуваат македонскиот идентитет и човековите права низ Балканот.

Ги повикуваме организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите што се навистина заинтересирани да ги бранат човековите права да го осудат систематското кршење на правата на Македонците. Ве повикуваме, како набљудувачи и поддржувачи, да присуствувате на церемонијата на 30 октомври“, соопшти ММДЧП и додаде дека Македонците се соочени со најсериозната закана за нашиот идентитет и постоење како Македонци во скорешната историја. 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе