Во пресрет на Денот на Европа

Младите со порака до Брисел: Македонија заслужува почеток на преговори, на потег е ЕУ

Mладите од земјава денеска, во пресрет на Денот на Европа упатија пораки до ЕУ дека Македонија заслужува да биде дел од европското семејство и дека сега ЕУ е на потег.

Во своето обраќање на настанот, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека денеска им го остава микрофонот на младите за да се чуе нивниот глас за она што политичарите премногу долго го повторуваат-ЕУ и да го дигнат гласот за реформи, за правната држава, за борбата против корупцијата, за сопствената иднина.

„Овој 9 мај е во година кога одбележуваме 20 години од потпишување на Договорот за асоцијација со ЕУ и 16 години откако е добиен статус кандидат за членство. 20 години работа, труд, потфрлувања, успеси и надежи да го преминеме овој ѕид наречен почеток на преговори. Ѕид кој стана симбол не само на европските аспирации на нашата држава туку стана тест за кредибилитетот на европската идеја во регионот. Но денес, кој знае по која пат, ние сме повторно соочени со блокада на Унијата да ја имплементира сопствената одлука. Денес, во пресрет на утрешниот ден на Европа повеќе сум инспириран од младите отколку од дипломатската коректност на која сум упатен; и затоа ќе бидам прецизен и јасен: Ние испорачавме, на ред е и Унијата да испорача онака како што вети“, истакна Османи.

Според него, политичарите веќе не можат овие млади луѓе да ги повикуваат на внимателност, да се повикаме на надежта како последен мотив за нашиот и нивниот успех. Гласот на младите, рече тој,  треба да го слушнат сите оние кои, како што рече, заедно со нив, ги повикувале младите на фер однос, на трпеливост, на мудрост, колнејќи се на нашата посветеност за Европа, но и колнејќи се во системот на заслуги.

„Им ветивме дека ако испорачаме европски реформи, ако испорачаме европски однос со соседите, ако сме пример на Балканот за тоа како се имплементираат европските правила дома – дека ќе добиеме европски одговор. И затоа денес мадите побараа збор“, рече Османи.

Утре, на 9 мај, истакна тој, сите ќе го одбележуваме денот на Европа, повторувајќи ги по којзнае кој пат нашите европски заложби и перспективи.

„И тоа е правилно, ние сме дел од Европа и 9 мај е и наш ден. Но денес порачувам дека од денес овој глас на младите ќе биде нашиот мотив, нашата парадигма, нашиот потсетник кога утре сите ќе си го честитаме заедничкиот ден“, рече Османи.

Младите, своето обраќање го прочитаа на македонски, албански и англиски јазик и ќе биде испратено до странските амбасади и мисии во земјата.

„Не дозволувајте уште една генерација млади луѓе да не го доживее европскиот сон во својата држава. Ние, младите, на овој или оној начин ќе станеме дел од Европската Унија, но дозволете ни тоа да биде во нашата држава/дома. Нас младите, растени со европската идеја и вредности, ни е доста од декларативна поддршка и охрабрување. Потребно е да видиме акција и реални одлуки“. Дел од политичарите ќе речат дека иднината е на младите, но иднината започнува во сегашноста. А во сегашноста храбри одлуки, какви што впрочем ние покажавме дека имаме моќ да ги носиме. Сега е ред на вас“, порачаа младите.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе