Младината на СДСМ објави табло со „класниот и неработниците“ од ВМРО-ДПМНЕ

Табло со „неработниците“ од ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот на партијата Христијан Мицкоски објави Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на Фејсбук.

Мицкоски на таблото со пратениците од опозициската партија е претставен како класен раководител, а фотографијата е насловена како ДСУ „ВМРО-ДПМНЕ“ – отсек „неработници“.

„Неработниците и класниот, овие не чинат 55.000 евра месечно“, пишува во објавата која следи по почетокот на активната блокада на Собранието од страна на пратенциите на опозицијата.

СДСМ во соопштение појасни дека само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци.
„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните.
Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисиите кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните.
Наместо блокади на Собранието во време не светска економска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони“, се наведува во соопштението и се додава дека граѓаните не ја дале довербата за пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе