Младен Чадиковски е реизбран на функцијата претседател на ЗНМ

Новинарот Младен Чадиковски е реизбран на функцијата претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и тој од вечерва го започнува својот втор мандат на чело на новинарската организација. По пребројувањето на гласовите беше објавен исходот според кој мнозинството од вкупно 456 редовни членови на Здружението кои дојдоа на гласањето, својата доверба му ја дадоа на Чадиковски. За оваа функција беа кандидирани и новинарите Фиљана Кока и Марјан Николовски.

Изборното собреание на ЗНМ започна во 10 часот, а пребројувањето на гласовите заврши околу 18 часот.

Чадиковски добил  275 гласови, Николовски 119, а Кока 53 гласови.

По објавувањето на резултатите, Чадиковски изрази задоволство не само од изборот, туку и од евидентно, како што рече, обединување во професијата.

„Денеска направивме еден собир, да речам, најголем во историјата на македонското новинарство, каде што повеќе од 450 новинари, сниматели, медиумски работници, дојдоа демократски на фер начин да си го искажат своето мислење за тоа каде треба да се движи новинарството понатаму. И особено сум среќен и задоволен што сите заедно и тие што учествуваа на ова Собрание, значи конкурентите, и УО сето она што ќе значи дел од органите на ЗНМ во иднина ќе продолжи да работи на принципите на професионалност, на правда, етика во новинарството, со намера да го засилиме и зголемиме потенцијалот на македонските новинари, сниматели и сите медиумски работници“, изјави новоизбраниот претседател на ЗНМ.

Тој нагласи дека новинарите мораат да работат за граѓаните на начин што тоа ќе значи во основа да ги почитуваат сите оние стандарди и принципи.

„Меѓутоа и не само тоа, се разбира и понатаму да продолжиме со фокус на граѓаните на сето она што се нивни проблеми. Зошто, затоа што само така подобро ќе влијаеме за да ги подобориме состојбите во ова општество. Продолжуваме посилно, подобро да работиме во наредниот период“, порача Чадиковски и додаде дека сите идеи од колегите, новинарите од медиумските работници се добредојдени.

Марјан Николовски честитајќи ја победата изјави дека Чадиковски и ЗНМ од него „нема да имаат мир“, односно дека ќе продолжи со конструктивни идеи и предлози кон здружението и со ангажман во професијата.

Членовите на ЗНМ денеска ги избираат и членовите во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и челнови во Советот на честа. Дваесет и четири кандидатури има за членови во Управниот одбор, девет за членови во Надзорниот одбор и 11 за членови во Советот на честа.

Здружението на новинари е формирано во 1946 година, а во моментов брои 1.010 редовни и придружни членови.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе