Мизрахи во Специјалниот завод-Демир Kапија: Од најавената реконструкција се гледаат само обоени ѕидови

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ја посети Јавната установа Специјален завод -Демир Капија за на лице место да се увери и да види во какви услови престојуваат штитениците на Заводот.

Од средба и разговорот со вработените, како што информираат од МТСП, Мизрахи била информирана за моменталната состојба во Специјалниот завод-Демир Капија, а од најавените реконструкции на Заводот, според неа, видливи се само обоените ѕидови.

„За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме обоени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та, односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе“, изјави Мизрахи по обиколката на Специјалниот завод.

Таа ја критикуваше владата на СДСМ дека имала помпезни најави.

„На почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за шест корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател“, вели Мизрахи, додавајќи дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа, нега и пред сѐ човечни услови за живот, бидејќи, како што рече, секој заслужува да има пристоен живот.

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе