Мизрахи: Со Резолуцијата се оцртуваат црвените линии на она што е Македонија

Автори на самата Резолуција на супстратот, на месото на Резолуцијата беа МАНУ и УКИМ, додека формата ја даде пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ односно ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што формата и дефиниција на Резолуцијата требаше да биде запазена, изјави Мизрахи.

„Не е за неочекување тоа што истата и денеска е прифатено од Социјалдемократскиот сојуз, знаете како ова не е Резолуција која што треба да поттикнува поделба туку ова Резолуција е како резултат на недоверба во самиот процес. Досега слушнавме се и сешто од власта и секакви постулати, наративи, бетониран статус на идентитет, бетониран статус на јазик кој што да бидеме искрени наиде на силна недоверба на населението, еве јас би можела да кажам дека според моите видувања од моите посети низ Македонија на различните општини речиси 90% од населението немаат доверба во процесот, ниту пак имаат доверба во наративот кој што го слушаат од власта за оној бетониран идентитет и бетонирани прашања за јазикот. И баш поради тоа ни беше потребна една ваква Резолуција“, заклучи Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мизрахи додаде дека таа е дел од тие 90% од населението кое што не верува во изјавите на власта во врска со националните интереси и преговорите со Бугарија

„За мене е очекувано да биде оваа Резолуција прифатена од СДСМ, на пример, како би звучело во предизборие на локални избори да кажуваат дека биле против Резолуција која што вели – „Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет“. Како ќе бидете против ова“, запраша Мизрахи.

Мизрахи посочи дека со предложената Резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ се оцртуваат црвените линии на она што е Македонија, она што е македонски народ, она што е македонски идентитет и она што е македонски јазик.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе