Министерство за труд и социјална политика

Мизрахи: Од што се плаши Шкријељ, зошто забранува архивирање на мои документи

Со жалење ја информираме јавноста дека дополнителнaта заменичка министерка Санела Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на Министерството за труд и социјална политика раководено од министерката д-р Рашела Мизрахи. Шкријељ надвор од законските рамки ја блокира работата на министерката, го спречува нормалното функционирање на МТСП и нормалното движење на документите низ институцијата. Шкријељ со нескриена партиска агенда врши притисок и мобинг врз вработените во МТСП. Ова соопштение денеска го испрати кабинетот на дополнителната министерка Рашела Мизрахи.

„Последниот истап на Санела Шкријељ е директно влијание и забрана која излегува од законските рамки да спречи архивирање на документи потпишани од министерката за труд и социјална политика и нивно понатамошно спроведување и постапување по нив во рамките на работата на МТСП. Сето ова го наметнува прашањето од што се плаши Шкријељ и што е тоа што не треба да излезе на виделина? Ваквиот начин на функционирање е евидентен подолг период. Поголем дел од центрите за социјална работа под МТСП извесно време функционираат со вршители на должност на местото директори, преку овластувања издадено од претходниот министер. За жал, со изгласување на новиот владин состав, односно со именувањето на Рашела Мизрахи за министер во МТСП, како и на Санела Шкријељ како дополнителен заменик министер, одреден дел од ВД директорите создаваат дисфункција на системот со нивно отсуство, но и заради намерни пропусти и неизвршувањето на работните задачи. Зад сиот процес на создавање тешкотии во организацијата на севкупниот процес на работа, за жал стои политичка мотивација на дел од ВД директорите, но и евидентниот притисок од Шкријељ“, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Мизрахи потенцираат дека сето ова ги надминува границите на политичка коректност, но и верба во капацитетот на кадарот Санела Шкријељ од СДСМ во насока на делување кон создавање амбиент за фер и демократски изборен процес, што е и целта на ваквиот дополнителен заменски министер. Воедно, ваквото делување и демонстрирање сила, отвора сомневање за намерно блокирање на процесите на работа на МТСП, но и обид за сокривање на претходни недоследности од минатиот министер.

МТСП не смее да дозволи нефункционирање на сопствениот систем што би довело до последици кои директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. Вработените во МТСП не смеат да бидат жртви на партиската агенда на СДСМ и нивниот кадар дополнителниот заменик министер во МТСП, Санела Шкријељ, стои во соопштението.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе