МТСП

Мизрахи: Нерешените 11.514 барања не се прашање на политика, туку на егзистенција

Мизрахи вети дека ќе работи напорно додека ова Министерство не стане сервис на граѓаните. 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска информира дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Тоа, според неа, говори дека досега Владата и Министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните.

„ Податоците што ги добивме од центрите за социјална работа се загрижувачки. Фактичката состојба е фрапантна. Од 8.500 поднесени барања во периодот од 1 јуни до 1 октомври 2019 година до вчера решени се само 1.589 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Според овие податоци, до вчера до 16 часот се поднесени 4.603 нови барања кои воопшто не се пуштени во процедура за решавање, а причината се уште не е позната. Тоа значи дека во оваа држава во овој момент има, не 8.500 туку 11.514 нерешени барања за надоместок за нега од друго лице“, рече министерката Мизрахи.

Ова, додаде таа, говори дека Владата и Министерството претходно проблемите на граѓаните „ги ставале под тепих". Тоа, потенцира Мизрахи, е недозволиво бидејќи смејствата се уште чекаат на помошта што треба да ја добијат.

Таа нагласи и дека на ваков начин се пробиени сите рокови, првичниот рок од 30 дена од поднесување на барањето и вториот рок од дополнителни максумум триесеттина денови доколку се работи за посложени предмети.

Ова, вели министерката, не е прашање на политика, туку на егзистенција и помош на граѓани на кои им е потребна нега.

„Нападите врз мене и мојот личен интегритет само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за тоа што сум дојдена, а тоа е безусловно решавање на секој проблем што го има граѓанинот од мојата држава, рече Мизрахи и додаде дека ќе работи напорно додека ова Министерство не стане сервис на граѓаните“. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе