Министерство за труд и социјална политика

Мизрахи ги повика обвинителите да отворат предмет против Царовска

Го повикувам Јавното обвинителство да отвори предмет за тоа како тогашната министерка за социјална политика Мила Царовска одржала неколку седници на Економско социјалниот совет (ЕСС) без да има кворум што е спротивно на Деловникот, изјави денеска актуелната министерка Рашела Мизрахи.

„Се работи за очигледно криминалното самоволие на поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и нејзините лицемерни политики за грижа во социјалната политика. Со Економскo социјалниот совет претседаваше Царовска и во неколку наврати беше грубо прекршуван Деловникот за работа на ЕСС. На 30 јуни 2017 година Царовска побарала да биде донесена дополнителна точка на дневниот ред за измена на Деловникот за работа на ЕСС на што се спротиставија членовите на репрезентативните синдикати и истите се изјасниле дека не биле известени за промените во дневниот ред и со тоа ја напуштиле седницата на Советот.

 Согласно членот 8 од Деловникот за работа на Советот, седница се одржува доколку присуствуваат најмалку три претставници на Владата и најмалку три претставници од социјалните партнери, а согласно членот 3 од истиот Деловник седниците на Советот се свикуваат со предлог дневен ред најмалку 8 дена пред одржувањето на седницата.

На неколку наредни седници, 36-та, 37-та и 38-та седница на Советот било дискутирано за низа на популистички мерки и истите биле усвоени без потребниот кворум за работа на ЕСС што е спротивно на Деловникот за работа на Советот како и Спогодбата за основање на ЕСС, а за истото грубо прекршување на Деловникот за работа беше посочено и од членовите на репрезентативните синдикати на 40 седница на ЕСС одржана 26 декември 2017 година.

Со ова извршено е грубо прекршување на Деловникот согласно член 12 став 4 и 5 во кој Записникот се усвојува на наредната седница на Советот, а спротивно на тоа на претходно споменатите седници Царовска ги усвојува и потпишува на 5 јануари 2018 година.

Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да го преиспита овој случај и незаконското работење на тогашната претседателка на Економско социјалниот совет Мила Царовска и по истото да постапи согласно одредбите од Кривичниот законик на Република Македонија.

Криминалното работење на СДС и Царовска мора да престанат и за истите да сносат одговорност пред граѓаните на Република Македонија и пред лицето на правдата“, рече Мизрахи.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе