Kоординаторот на СДСМ и Коалицијата Митрески

Митрески: За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори

Ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, сепак, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија тоа не е ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности.

Ова на денешната прес-конференција го изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, на прашањето од новинари што доколку се случат најавите на Бугарија за блокада на преговорите со ЕУ.

„За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европсккиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“, рече координаторот на СДСМ и Коалицијата Митрески.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе