Прес на СДСМ во Собранието

Митрески повика да се овозможи онлајн работа на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафер ги достави предлог измените на Деловникот за работа на Собранието, со кои ќе се обезбеди функционалност на законодавниот дом во време на пандемја од коронавирусот, рече на прес-конференција во Собранието шефот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Mитрески нагласи дека со деловничката измена ќе се овозможи оние пратеници кои се заболени од ковид-19 и се во изолација, своите обврски да ги извршуваат онлајн, односно од далечина.

„Во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет. На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности. Вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет“, рече Митрески.

Тој ги повикува сите пратеници да покажат одговорност и да ги поддржат измените на Деловникот за да може, како што рече, Собранието непречено да ја извршува својата работа и да им служи на граѓаните.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе