На локалните избори идната година

Митко Јанчев ќе се кандидира за нов мандат на чело на Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска најави дека од граѓаните ќе побара доверба за нов мандат на чело на градот, на изборите што треба да се одржат идната година.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев ќе биде дел од изборната трка за нов градоначалнички мандат следната година. Оваа негова одлука денеска тој ја сподели на средба со новинари.

„Заедно со мојот тим и Советот на општината, за две и пол години успеавме да ја реализираме целокупната предизборна програма. Тоа ми дава за право да размислувам во тој поглед. Мојата конечна одлука е дека ќе се кандидирам за втор градоначалнички мандат. Со нови програми кои ќе бидат благодат за општината, рече Јанчев.

На новинарското прашање дали себе си во иднина се гледа и како носител на висока државна функција Јанчев одговори:

„Би сакал човек од Кавадарци да биде на една така функција“.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе