Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Со прескапи садници кои се исушија Шилегов го празни буџетот на Скопје

Рамковната спогодба за набавка на садници која изнесува 9,5 милиони денари е уште еден доказ за начинот на кој се празни буџетската каса на Град Скопје. Листата на цени изгледа вака: зимзелените садници имаат единечна цена од 10.000 денари, декоративните садници цена од 24.000 денари, а дрворедните садници цена од 25.000 денари, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Таа зад себе покажа садници поставени пред триесетина дена, нагласувајќи дека сите се исушени.

Како граѓани сме обврзани да плаќаме нов надомест за одржување на јавни површини, а за возврат добиваме уништено зеленило во градското подрачје поради лошото менаџирање на Шилегов, кој парите, како што рече Митева, ги потроши во празни проекти.

„Информациите со кои располагаме кажуваат дека многу од набавените садници не биле во согласност со димензиите од техничката спецификација па неколку од нив биле вратени на добавувачот. И повторно го прашуваме Шилегов, зошто во централното градско подрачје се уништени здрави дрва, додека други над 50 дрва кои претставуваат вистинска опасност за граѓаните не се отстранети иако за истите има уредна документација", рече Митева и оцени дека градот има потенцијал за развој и напредок, но не со кадри на СДСМ.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе