Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Mитева: Неспособната влада со пари на граѓаните го решава проблемот со парното греење

Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија. Неспособноста на СДСМ го доведува секое домаќинство во поголеми трошоци преку сметките за парно и струја. Катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Бектеши и Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Taa доаде дека најавите  за одземање на лиценцата на БЕГ беа само лага.

„Секој месец нова кризна состојба со СДСМ. Откако целата измината година експертите предупредуваа за енергетска и топлинска криза, додека извесен период од БЕГ убедуваа дека греат со оптимален режим и дека континуирано испорачуваат топлина до потрошувачите, одеднаш Владата прогласи кризна состојба со снабдувањето на топлинска енергија. Граѓаните беа ставени пред свршен чин, еден ден пред исклучување. Оваа Влада на СДСМ е причина за уништениот стандард на граѓаните кои имаат недостиг на топлинска енергија и плаќаат поскапа струја. Заради неспособноста на Владата предводена од СДСМ граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење“, рече Митева.

Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ Бислимоски пред само два месеци ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени, нагласи портпаролката Митева, според неа, хаварија, безредие и неизвесност е секојдневието кое го нуди СДСМ.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе