Мисовски: Груевски треба лично да поднесе оставка во Собранието на Северна Македонија

„Читам Груевски ќе си поднел оставка. Членот 65 од Уставот на РСМ е многу јасен: Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. НИКОЛА ТЕ ЧЕКАМЕ ВО РСМ!", напиша Мисовски на својот Фејсбук профил.

Во член 65 пишува: „Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе