Седница на Собранието за избор на нова Влада

Мисоски: ВМРО-ДПМНЕ нема образ да го спомене криминалот на Владата на Груевски

Кога зборуваме за криминал, треба да се има образ i треба да ви биде срам бидејќи молчите за криминалот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателот на парламентот и пратеник од НСДП Горан Мисоски, реплицирајќи им на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се расправа за избор на нова Влада. Тој рече дека во „белиот дворец“, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има таков бесмислен луксуз, каков што се на пример слики кои биле платени сто илјади евра.

Предвремени избори нема да има, рече Мисовски, упатувајќи порака посебно до пратеникот и координагтор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој претходно дискутираше.

Мицевски рече дека има многу случаи на криминал во Владата на Заев, наведувајќи неколку судски предмети, меѓу кои за случајот на Рашковски и „Рекет“, како и неотворени предмети. Пратеникот Мицевски упати порака до мандатарот Ковачевски „да не го заслепи сјајот на нарачаниот есцајг за Владата вреден 80 илјади евра“ оценувајќи дека неговата Влада ќе биде континуитет на криминалот на Владата на Заев.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе