Мишел за предлогот од Макрон: Сега е моментот да се каже „да“

Веднаш откако францускиот претседател Емануел Макрон објави во Мадрид дека е уверен дека е најден добар договор меѓу Софија и Скопје, се огласи и претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел кој го поздрави „изнаоѓањето на решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија.“

Тој на Твитер напиша дека решението ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Го поздравувам решението на Француското претседателство за договор со кој ќе се поплочи патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Решението ги адресира изразените грижи. Сега сме најблиску што некогаш сме биле: сега е моментот да се каже да“. напиша Мишел.

Пред објавата на Макрон, од македонската Влада соопштија дека добиле предлог идеи од француското претседателство, за кои сега треба да се консултираат најпрвин во Владата и со коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе