Мишел пред Заев изложил јасен план за деблокада на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, денеска, пред завршувањето на посетата на Скопје имаше средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на којашто се разговарало за процесот на реформи, потребата од носење на законот за јавно обвинителство, евроинтегративниот процес, како и за новата методологија за проширување на Унијата.

Заев, како што соопштија од СДСМ, на средбата истакнал дека сите институции се силно мотивирани да продолжи европскиот курс на државата со цел заокружување на интеграцијата во ЕУ, што е цел на сите граѓани на Македонија.

„Уверени сме дека заедно можеме да го задржиме вистинскиот курс на реформи, добрососедство и економски развој. Се надеваме дека сите политички фактори ќе бидат на висина на својот дел од одговорноста, особено кога станува збор за европската иднина на државата”, изјавил Заев.

Од страна на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пак, бил изложен јасен план за натамошно делување во насока на деблокирање на процесот на проширување и обединување на сите држави членки на ЕУ.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе