Мисајловски: Заев да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го повика Зоран Заев да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Република Македонија. 

“Зоран Заев треба да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Република Македонија, наместо да се занимава со лаги и измислици. Лагите на Заев нема да го подигнат стандардот на граѓаните и нема да го покријат неработењето на антиреформската влада. Заев во интервјуто на националниот сервис лажеше за бројот на автопати кои се градат, односно конкретно, дека не се работи на автопатот Кичево - Охрид. Се градат три автопати и ниту еден не е застанат со градба. Тоа може лесно да се провери на терен. Она што може да ги запре работите на терен и сите оние автопати е неспособноста на СДС и антиреформската влада. Заев во интервјуто пред два дена рече и дека ќе се трошеле пари само за капитални инвестиции. Пред да смислува лаги кои без никаков проблем ќе ги кажува, треба прво да ги провери фактите и да види колку проекти за капитални инвестиции има во моментот”, рече Мисајловски.

Мисајловски додаде дека кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та година не наследи ниту еден квалитетен проект за да може да се почне со некаква градба и токму затоа изминатите години интензивно се работеше и на документација за проектирање, покрај изградбата која е видлива на терен и секако дека може и јавноста да ја види.

“Дополнително, Заев треба да знае и дека Јавното претпријатие за државни патишта сама ги враќа кредитите и е самофинансирачка институција која има големи средства на својата сметка. Во време на СДС имаше само еден проект кога се во прашање патиштата, кој многу потсеќа на економската логика „Евро за Вицето“ на анти-реформаторите на Заев: тоа е проектот „пола-пола“ кој се спроведуваше на патарините низ цела Македонија. Граѓаните не сакаат антиреформи. СДС не смее да ја повтори приказната од 15-ти септември кога народот беше сведок на најголемата лага за вработување по еден член од секое семејство. Граѓаните очекуваат 500 километри нов автопат. Исто така очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните не очекуваат неработници кои со лаги ќе сакаат да го сокријат својот антиреформски капацитет”, изјави Мисајловски. 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе