ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик, доста се крие зад празни флоскули

Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е Бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Господине Заев, кој е вашиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагирате на бугарските понижувања на нашата нација? Дополнително зошто Владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје? Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани? Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија.

Ветивте преговори со ЕУ, а ништо од тоа нема. Нема затоа што сте заглавени во криминал. Нема меѓународен извештај кој не сведочи за корумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата. Господине Заев мора да знаете дека Македонија не е вашата фирма од Струмица. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата. Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја поништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи разградување на Македонија“, изјави Мисајловски.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе