Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Македонски пасош добил и главниот перач на пари на италијанската наркомафија

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека од свиркач партијата добила податоци дека македонски пасош му бил издаден и на Валид Иса Хмаис, еден од главните соработници на италијанската мафија, кој важи за главен перач на пари од трговијата со кокаин. Нему му бил даден идентитет на Македонец, жител на албанскиот град Корча, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Аферата „Мафија" на Владата на Зоран Заев покажува дека државни структури дале логистика на сериозни нарко - картели, мафијаши од балкански, европски и светски карактер, рече на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Мисајловски рече дека од тоа што досега беше објавено од страна на неговата партија се однесува на легални пасоши и патни документи со украдени или лажни идентитети и тоа за припадници и водачи на црногорско – српскиот Шкаљарски клан, на еден од водачите на турската мафија, потоа и на албански нарко картели. Но, рече, се чини дека тука не и крајот, затоа што како што нагласи, од свиркач добиле податоци дека пасош издаден од МВР имал и еден од главните соработници на италијанската мафија.

„Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 9 јануари 2019 година во Скопје, во регуларна постапка, се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо, роден во 1965 година. Дали е ова вистина или како што нарекуваат од СДСМ само перцепција?“, праша Мисајловски.

Тој додаде дека Валид Иса Хмаис од 2017 година е во бегство во повеќе држави во светот, а по добивање на македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, два пати во месец јануари 2019 година го искористил македонскиот пасош и преку скопскиот аеродром заминал за Турција.

Според последните информации објавени во италијанските медиуми, како што рече, тој наводно се наоѓа во островската држава Маврвициус.

„Македонија станала Колумбија на Балканот. Не смее оваа афера да заврши со одговорност само на службеници. За аферата 'Мафија' морале да знаат и одговорните лица во МВР и Владата. Зашто нема никаква потерница по овие лица кои добиле легален македонски пасош со скриен или лажен идентитет? Мафијаши од ваков калибар влегувале во македонската полиција да се фотографираат, а од Владата на Заев и на Спасовски сепак сакаат да нѐ уверат дека ниту еден полициски службеник не забележал дека станува збор за исклучително опасни луѓе? Зашто МВР нема истрага за тоа дали отворале банкарски сметки? Зашто и по инсистирање на партнерските безбедносни служби Спасовски и МВР не превземале ништо за санкционирање на овој скандал и афера? Овие мафијаши плаќале пари за издавање на овие пасоши", рече Мисајловски поставувајќи го прашањето каде завршиле тие пари.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе