ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Лудост е во ваква ситуација да се зборува за избори

Несериозно е, и преставува целосна отсутност од реалноста да се говори за некакви тригодишни постигнувања, кога денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на ново заразени луѓе со ковид 19, и луѓе кои ги загубија своите животи. Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството. Во податоците кои ги спомена на прес конференцијата не верува ниту Зоран Заев, и тие се толку нереални колку што е и нереален податокот напишан во нивниот флаер дека ја „победиле“ короната, се вели во реакцијата на Владо Мисајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната изјава на лидерот на СДСМ.

„Работата е што Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона. На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности.

И тука неговото лудо настојување ја открива и причината зошто тоа го сака, свесен е дека претстои пораз, и дека така мисли дека ќе стане пратеник со имунитет. Но, еве да кажам дека и оваа пресметка му е залудна. Околу достигнувањата, Зоран Заев заборави да ги каже главните достигнувања, еве јас ќе кажам неколку.

Добиваме 3 години по ред хибриден режим, држава со најголема стапка на криминал и корупција. Неправда како основен постулат на функционирање на државата и владата.

Достигнувањата се рекетот кој го правеа функционери од неговата партија. Рекетот станува заштитен знак на Зоран Заев и нивната свита на власт. Дури таквиот рекет доби и неколку продолженија, рекет 1, рекет 2 итн. Тука се и лиценците за марихуана, ископите во РЕК, фондот за иновации и поделените средства на луѓе блиски до Заев и СДСМ. Да не го заборавиме Ден Дончев и документите за перење пари, уценетите бизнисмени и ред други нивни славни достигнувања.

Околу стратешките приоритети, трета година по ред Македонија нема одредено датум за преговори, но името е сменето. Европската перспектива е закопана помеѓу лагите на Заев и неспособноста на владата. Идентитетот е начнат, а Заев овозможи и виткање на кичмата. Македонија се соочи со уште една објективна пречка, а тоа е заканата за блокада од источниот сосед, што значи на маса Заев ја постави историјата, Гоце Делчев и јазикот.

Не дојде живот како што ветува. Народот е со празни џебови. 200 милиони евра дефицит за 4 месеци, а до крајот на годината ќе го задолжат секое семејство за 1500 евра и дупка во буџетот од над 1 милијарда евра. Едноставно е, секој од вас знае дека не се живее подобро, и дека не е побогат. Граѓаните ја живеат тешката реалност и знаат дека мора промена. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и ние оваа битка ќе ја добиеме заедно со народот“, рече Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе