Мисајловски: Ќе бидеме на работа од сабајле до вечер и ќе го блокираме секој штетен закон

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија говореше за активната блокада во Собранието на Република Македонија која веќе втор ден е на сила. Тој рече дека нервозата кај владејачкото мнозинство е очигледна бидејќи вчера не им поминал дневниот ред па седницата морала да биде прекината.

„Ние и во минатото за секој штетен закон правевме активен бојкот и блокиравме сѐ што е штетно за државата. Целта на ова активно блокирање на многу закони е бидејќи имаме енергетска криза, здравствена криза, ценовни шокови и затоа вчера извадивме транспарент дека ова е национална катастрофа сѐ ова што се случува во Македонија и затоа се потребни предвремени парламентарни избори. Не смееме да заборавиме дека ние како ВМРО-ДПМНЕ подадовме рака, четири тима, понудивме да разговараме за сите теми во општеството и ова го збориме добронамерно. Го збориме добронамерно, бидејќи имаме штрајк во образованието, инфлацијата веќе е двоцифрена, нема странски инвестиции, нема економија, здравството е во колапс, секој сегмент кога ќе го погледнете во секоја институција е девастиран и затоа велиме ајде да разговараме, да седнеме, поготово за крупни теми како што е прашањето за Бугарија, да видиме што се преговара, како се преговара, граѓаните да го знаат тоа. Но тие се плашат бидејќи ние ќе кажеме на граѓаните што се случува. Апсолутно! И сега ги слушам и читам имаат различни соопштенија, но не поминуваат, ниту па вака да кажам се многу интелигентни, бидејќи ние сме во Собрание, тоа ни е работа и да, со сите наши демократски мерки ќе зборуваме секој ден, ќе ги разобличуваме секој ден, сѐ она што го прават во позадина граѓаните многу добро ќе го знаат и да, бараме предвремени парламентарни избори,“ рече Мисајловски.

Тој рече дека токму народот очекува од нив да бараат избори, тука ги наведе и последните анкети кои покажуваат дека преку 70% од граѓаните се разочарани од актуелната власт, не се живее добро во државата, младите сакаат да си заминат од државата бидејќи не гледаат иднина дома, но не само млади, туку повозрасни со цели семејства планираат да ја напуштат Македонија.

„Сакаат да си заминат затоа што не веруваат во системот, не веруваат во здравството, судството, не веруваат во ниту една институција итн и сето ова ја прели чашата бидејќи нема слух и нема рацио во СДСМ ниту кај ДУИ, како најголеми партии во власта. Зошто го велам ова? Кога дојде оваа ,,нова влада", тие дека првото кафе ќе го испијат со опозицијата, дека ќе седнат на маса за многу различни прашања но сето тоа било лага. Иако почувствував дека има некоја разлика, дека она што го доживеа како катастрофа на локалните избори, дека малку ќе се променат и дека ќе седнат со опозицијата за одредени работи зборуваат. Ние продолжуваме со ова темпо, ние сме опозиција и ќе бидеме постојано на работа од сабајле до вечер, ќе се јавуваме за секој еден закон, ќе поднесуваме амандмани,“ рече Мисајловски.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе