Мисајловски: Чаир го заборавија, Македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски, денес беше во посета на скопски Чаир, каде ја престави програмата на партијата, но и ги слушна проблемите на граѓаните. „Чаир го заборавија, тешко е да се живее во Чаир, но овие луѓе тука се упорни, овие луѓе тука се со срциња како планинa“, истакна Мисајловски.

„Денеска имам една убава прилика и можност да сум овде во Чаир, да разговараме со граѓаните за сите проблеми што ги имаат и да ја претставиме нашата програма.

Денеска граѓаните ми кажаа дека тешко е да се живее тука во Чаир поготово бидејќи се чувствуваат како граѓани од втор ред, поготово Македонците.

Не можат да си ги остварат своите права во општината, чекаат со месеци а некогаш и не се примени. Слабо со проекти, нема реализација, нема капитални инвестиции, нема нови улици и сето тоа е врз грбот на сите граѓани тука во Чаир.

Кога ветуваа дека ќе има 500 евра плата за секој, кога ветуваа од СДСМ 500 километри автопати, кога ветуваа дека ќе има 100.000 денари за докторите, ги заборавија овие граѓани тука, го заборавија Чаир.

Во Чаир е тешко да се живее, но овие луѓе се упорни. Овие луѓе со срце како планина и ќе издржат и сакаат еден убав и спокоен живот тука во Чаир. Но, никој од нас не смее да ги заборави. Ние имаме прекрасни луѓе тука и на листата но и прекрасен комитет кој постојано се гледа со сите граѓани. Они сакаат еден добар соживот, но тоа ние треба сите заедно да го направиме. Затоа во наредниот период сите ние заедно ќе ги промовираме нашите позитивни вредности, нашите проекти, како граѓаните да си го откупат дворното место, а не да бидат под притисок од општината да не знаат дали еден ден ќе влезат да ги примаат да го решат тој проблем, исто така да ги решат основните базични проблеми што ги има секој еден граѓанин тука, немаат паркинг место, не можат да се справат со овој урбан хаос што се случува тука во Чаир.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува да останат спокојни, да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а потоа сите заедно да ги решаваме сите проблеми, ако треба и поединечно на секој еден од нив, за да се уверат дека овие граѓани не се граѓани од втор ред“, истакна Мисајловски.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе