Министерката на конференција на тема „Редефинирани приоритети: Нови реалности по украинската криза", во организација на Универзитетот Американ колеџ и УНХЦР порача дека и покрај бројните механизми и алатки преку дијалог и дипломатија, не можат да се спречат едностраните одлуки кои носат насилство, смрт и уништување.
„Историјата особено поблиската покажа дека единствениот пат кон конечно и одржливо решение е дијалогот кој мора да ја добие својата шанса. Изнудените и насилни референдуми кои се најавуваат дека ќе се одржат во окупираните делови на Украина, не се решение. Затоа е неопходно итно примирје и разрешување на конфликтот, што е единствено можно по дипломатски пат", рече Петровска.
Во контекст на безбедносните предизвици, Петровска порача дека листата е голема и комплексна – енергетската зависност, зависноста од други ресурси, ценовните шокови, дезинформациите, климатските промени, но и сајбер и хибридните закани на кои се изложени и држави од регионот кои се и членки на НАТО.