Мирот не е загарантиран, oцени министерката Славјанка Петровска

Руската агресија врз Украина ни докажа дека, за жал, мирот не е загарантиран и не е даден еднаш засекогаш и дека меѓународниот поредок заснован на правила може да биде оспорен, изјави денеска министерката Славјанка Петровска. Таа оцени дека  НАТО останува посветено на одбрана и одвраќање, на одбрана на секој метар сопствена територија и одвраќање на трети земји од непријателски дејствија.

Министерката на конференција на тема „Редефинирани приоритети: Нови реалности по украинската криза", во организација на Универзитетот Американ колеџ и УНХЦР порача дека и покрај бројните механизми и алатки преку дијалог и дипломатија, не можат да се спречат едностраните одлуки кои носат насилство, смрт и уништување.

„Историјата особено поблиската покажа дека единствениот пат кон конечно и одржливо решение е дијалогот кој мора да ја добие својата шанса. Изнудените и насилни референдуми кои се најавуваат дека ќе се одржат во окупираните делови на Украина, не се решение. Затоа е неопходно итно примирје и разрешување на конфликтот, што е единствено можно по дипломатски пат", рече Петровска.

Во контекст на безбедносните предизвици, Петровска порача дека листата е голема и комплексна – енергетската зависност, зависноста од други ресурси, ценовните шокови, дезинформациите, климатските промени, но и сајбер и хибридните закани на кои се изложени и држави од регионот кои се и членки на НАТО.

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе